Инвестиција или опасна авантура

Дали Дрисла се даде на ГЕРМАНЦИТЕ ДА ГО ТРУЈАТ СКОПЈЕ СО УВЕЗЕН ОПАСЕН ОТПАД?!

14.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали Дрисла се даде на ГЕРМАНЦИТЕ ДА ГО ТРУЈАТ СКОПЈЕ СО УВЕЗЕН ОПАСЕН ОТПАД?!

Депонијата за ѓубре и преработка на отпадот Дрисла од Скопје доби концесионер, во случајов германската компанија Шолц.

Повеќе од десет години трае борбата за концесии на депонии и борбата на странски компании за влез во Македонија во бизнисот за преработка на отпад и ѓубриво иако, на прв поглед, тоа не е инвестиција која е високопрофитна за да предизвика таква упорност и интерес кај странски инвеститори.

Па, во што е тогаш тајната на нивниот интерес?

Единствениот сериозен профит од депонии е увоз на опасен, пред се медицински и хемиски отпад за преработка во депониите, отпад кој не го прима ниту една држава на ЕУ а, од друга страна, компаниите кои го создаваат отпадот плаќаат тој да се преземе од нив затоа што имаат законска обврска да се решат од опасниот отпад.

Затоа Весник прашува: Дали Дрисла се даде на Германците од Шолц за да можат да увезуваат опасен отпад и да го складираат и преработуваат во Скопје. Одговорот на јавно псотавено прашање треба да дојде брзо.

А сомневањето и прашањето не е субјективно, наше или од вчера. “Ниту една надлежна државна институција досега не одговорила на отворените сомнежи искажани од страна на еколошките активисти дека во државава се увезува опасен отпад, кој потоа на различни начини учествува во загадувањето на воздухот“ пишува агенција Мета на својот портал..

Во недостиг на акредитирана државна лабораторија, која би го испитувала составот на отпадните материјали кои сега се увезуваат како суровини за различни потреби на индустријата, царинските служби се потпираат на она што пишува на царинските документи, на визуелни контроли од страна на царинските службеници и на надежта дека при увозот била испочитувана Базелската конвенција која го регулира извозот, движењето и увозот на опасен отпад, пишува Мета.

Уште од 2007 година во Министерството за животна средина, со помош на пари од ЕУ, бил направен прецизен план што треба да се направи за да се акредитираат методи за испитување на отпад, но ништо од тој план не е реализирано и сега. Според податоците од самото Министерство, акредитирањето е се уште на самиот почеток.

За фактот дека централната лабораторија при МЖСПП, и по повеќе децении постоење не е акредитирана, ниту еден министер не поднел одговорност. Во такви околности непотврдените информации дека на Дрисла се согорува опасен отпад, никој со сигурност не може да ги демантира.

За количествата на опасен отпад во Македонија постојат различни податоци. Од Министерстото за животна средина, повикувајќи се на Студијата за депонирање на опасен отпад, велат дека индустријата на годишно ниво генерира вкупно над 14 илјади тони опасен отпад, пишува Радио Слободна Европа, иако во друга прилика истиот извор истакнува во текстот дека имаме околу 75.000 тони домашен опасен отпад.

Бројките кои ги објавува Министерството за животна средина се лабилни, а според царинските извештаи- сосема неточни.

Стотици илјади тони опасен отпад влегле во земјава во 2015 и 2016 година, пријавени како суровина за преработка и рециклирање или како гориво за големите индустриски капацитети.

Според годишните извештаи на Министерството за животна средина, во овие две години биле увезени дваесетина пати повеќе опасен отпад отколку во претходните пет години. Увозот од 2011 до 2015 година се движел помеѓу 815 и 3.492 тони, без да се прецизира во извештајот конкретно од кој тип е отпадот. Во 2015 година бројките нагло се качуваат на 78.595 тони, а во 2016 година дури на 118.778 тони. Минатата година, повторно увозот на опасни материи е намален на 6.610 тони, приближно на количините пред 2015 година пишува Независен.

– Забраната за увоз на отпад значително ќе придонесе до намалувањето на нивото на загадувањето, особено во Скопје. Има сериозни индиции дека Дрисла е една од главните причини за загадувањето на воздухот, а од друга страна нема транспарентност за тоа каков отпад се увезува од странство и што се согорува во Македонија. Сите мерки кои се преземаат против загадувањето ќе бидат само козметички, ако не се забрани увозот на отпадот – изјавил Аријанит Џафери од „Еко-герила“

Градоначалникот Петре Шилегов лично предводел комисија која одлучувала дали и кому да се даде Дрисла под концесија. И одлучиле како што е наведено на почетокот на овој текст. Никој не најде за потребно да објасни која е цената на странскиот влез во Дрисла, и кои се последиците од тоа.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата