Додека трае неизвесноста околу враќањето на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната кошаркарска елита, кое директно зависи од Приморска, АБА лига ги потврди Работнички и тимот од Аеродром како единствени наши претставници, но во второлигашкото друштво.

Во соопштението објавено попладнево, АБА вели дека врз основа на резултатите во националните првенства, членови на АБА Лига 2 во сезоната 2020/21 ќе бидат Горица, Хелиос Санс, Ловќен 1947 година, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Слобода Ужице, Спарс Реалвеј, Сутјеска, Широки и Златибор.

Сезоната во АБА Лига 2 ќе започне на 23 септември 2020 година. Редовната сезона ќе трае до 7 април 2021 година, додека плеј-офот треба да започне на 14 април 2021 година.