Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

29.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство.​

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата