Заради дефект пола Карпош утре без вода

24.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заради дефект пола Карпош утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Козле“, „Кораб“, „Струшка“, „Мокра“ и дел од „Јуриј Гагарин“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „Козле“ 132.

Поради потребите за санација ќе биде исклучена пумпената станица во Жданец, со што ќе се намали притисокот на вода во населбите Жданец, Трнодол и Нерези.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата