МЛАД ФУДБАЛЕР ПОЧИНА НА ТЕРЕН: Брзата помош немала со што да му го СПАСИ ЖИВОТОТ

6.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МЛАД ФУДБАЛЕР ПОЧИНА НА ТЕРЕН: Брзата помош немала со што да му го СПАСИ ЖИВОТОТ

Фудбалерот Херман Цинга почина на пат кон болница откако за време на фудбалски натпревар во домашниот шампионат падна на теренот по воздушен дуел.

На несреќниот фудбалер кој настапуваше за Аканда,  се обиде да му помогне воен лекар со масажа на срцето, а животот најверојатно ќе му бил спасен доколку во болничкото возило имало дефибрилатор.

Тој почина на пат кон локалната болница.

Цинга е седмиот фудбалер кој починал за време на натпревар во габонскиот фудбал во последните 12 години.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата