ФИЛИПЧЕ СМЕТА ДЕКА НЕ ТРЕБА НОВА ВОНРЕДНА, мерките можеле да се имплементираат и без неа

11.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИЛИПЧЕ СМЕТА ДЕКА НЕ ТРЕБА НОВА ВОНРЕДНА, мерките можеле да се имплементираат и без неа

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека не е потребно продолжување на вонредната состојба, затоа што како што рече за воведување на рестрикциите како што е ограничување на движењето има можности да се воведат и без вонредна состојба.

„Вонредната состојба има повеќе аспекти, не само здравствени, во однос  на уредбите, функционирање на уредбите, мерките кои се донесоа, што се однесува да ви одговорам во однос на нашата активност имплементирање на мерките и можноста да има рестрикции во движењето и доколку се одлучи да се потребно, јас верувам дека нема да е потребно, а за тоа има можности и без вонредна сметам дека не е потребно продолжување“ , рече Филипче

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата