Двајцата доктори и медицинска сестра позитивни на КОРОНА се од Центарот, а не од Институтот за јавно здравје

7.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајцата доктори и медицинска сестра позитивни на КОРОНА се од Центарот, а не од Институтот за јавно здравје

Двајцата доктори и медицинската сестра позитивни на ковид-19 се од Центарот за јавно здравје, а не од Институтот за јавно здравје како што вчера објави МКД.мк.

Порталот појаснува дека се работи за недоразбирање и случајна грешка и дека станува збор за позитивни здравствени работници во ЦЈЗ, а не во ИЈЗ. Информацијата за заболените доктори и медицинска сестра уште вчера ја потврди и министерот Венко Филипче, но грешката е во тоа што наместо во Центарот за јавно здравје, соопштено беше дека тие се вработени во Институтот за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје синоќа доцна демантираа дека кај нив има заболен персонал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата