Ривалитетот помеѓу ПАОК и Олимпијакос се смета за еден од најголемите несоседски анимозитети на светот, а нивните меѓусебни пресметки обично се пропратени со исклучително грди сцени околу стадионот, на трибините, па и на самиот терен. Тоа што ова дерби, прв меч за двата ривали после повеќемесечната пауза ќе биде одигран без публика не значи дека на „Тумба“ ќе има малку тензија затоа што ривалството кое владее помеѓу нив е огромно.

Од една страна е Солун од друга страна Пиреја, значи северот и југот, а меѓу нив се вековни борби и обединувања. Кога на тоа ќе додадете дека се во прашање најпопуларните клубови во двата најбројни градови по жители, јасно ви е колкава вредност има победата.

ГРЦИЈА 1 – Плеј-оф (1.коло)

ПАОК – ОЛИМПИЈАКОС
Недела, 18.30
Шифра: 5203

Наши предлози
КТ           1              2,45
ТГГ          ГГ            1,83
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

За фудбалерите на ПАОК последниот дуел беше токму против Олимпијакос, на почетокот на март во првата полуфинална средба во Купот. Бранителот на шампионската титула тогаш славеше со резултат 3:2 и се надеваат дека можат да направат нешто слично, бидејќи во последните три години беа поуспешни во меѓусебните дуели. Момците на тренерот Педро Мартинс после споменатото дерби имаа и меч во Лига Европа против Вулверхемптон (1:1), па црвено-белите во продолжение на сезоната ги чекаат и европски натпревари.

Најтрофејниот клуб во Грција има предност на табелата, но не заборавајте дека таа е последица на одземањето на бодови на црно-белите поради кршењето на прописи – се покажа дека газдата на ПАОК Иван Савидис е еден од косопствениците на Ксанти, исто така Суперлигаш, а истрагата ја иницираше токму Олимпијакос.

Ризикувајте со единица или со ГГ.