Арбор ТОУРС демантира дека добил „бонбона бизнис“ од Владата

7.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арбор ТОУРС демантира дека добил „бонбона бизнис“ од Владата

ТПДДДС Арбор ТОУРС ДООЕЛ ги демантира информациите дека добил бонбона бизнис од Владата на Република Северна Македонија.

За појаснување, нашата компанија ниту беше избрана на јавен конкурс, ниту доби тендер од државата, туку излезе во пресрет на барањата на група македонски студенти коишто студираат во Словенија, да им го реализира превозот во таа земја, за да можат да ги полагаат испитите и да не ја изгубат годината. Оваа иницијатива, во форма на барање, според сите процедури, беше проследена до Главниот координативен кризен штаб, којшто го одобри, во интерес на студентите. Би сакале да нагласиме дека патувањето коешто се реализира е со асистенција на македонското Министерството за надворешни работи, коешто е во контакт со словенечкото Министерство за надворешни работи, како и со надлежните министерства од земјите низ коишто ќе се врши транспортот.

Исто така, превозот ќе се спроведе според сите протоколи за заштита и со намален капацитет на патници во автобусите. Цената по којашто се реализира ова патување е многу пониска од реалната цена за оваа дестинација. На сите заинтересирани им стоиме на располагање да се уверат во тоа во нашата агенција и самите да видат дека овде нема ни „п“ од профитерство, туку станува збор за хуманитарна акција во интерес на група млади граѓани на нашата земја, стои во дописот од Арбор ТОУРС.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата