Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата

7.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата

Васил Тупурковски - Циле, со нова тура интересни приказни ќе биде гостин во новата 1на1, што ќе се емитува денеска од 18:30 на Канал 5. Минатата недела, Жаре и Тупурковски муабетеа за неговата младост и за времето на Југославија, а оваа епизода, снимена во канцеларијата на Жаре опфаќа анегдоти од деведесеттите. Има и една интересна приказна од младоста.
„Работев како келнер во САД. Ме избркаа поради кошарка“, изјави Тупурковски.
За оставката што му ја дал на Киро Глигоров, за проектот Тајван, за другарството со Есма, ќе раскаже Тупурковски во недела.
„Есма сакаше да ни ја препише куќата, да биде седиште на нашата партија ДА“, се присети Тупурковски на кралицата на ромската музика.
Во продолжение, погледнете две интересни приказни, за Есма и за омилените кафани на Тупурковски:


 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата