„Буди моја“ – трета песна на „Блу Бенд“

7.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Буди моја“ – трета песна на „Блу Бенд“

Третиот сингл на младите момци од „Blue Band“ е насловен „Буди моја“ и е авторско дело на момците од бендот, Димитар Симонов и Зоки Зоц, додека аранжманот го направи Дејан Стојановиќ од Либеро Бенд. Спотот кој е снимен на неколку локации низ Македонија, го изработи Алек Тасевски.

Овој нов сингл, доаѓа по претходните два, „Револвер“ и „Лажи ме“, од соработката со „2Бона“ и истите поминаа одлично кај публика. Третиот проект на овие момци е само најава за новиот музички жанр на бендот, омилен кај младата публика. Наскоро очекувајте нова песна и спот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата