Милан Станковиќ се променил од корен: Од сладок русокос до мусулест маж (фото)

7.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан Станковиќ се променил од корен: Од сладок русокос до мусулест маж (фото)

Поминати се тринаесет години откако Милан Станковиќ се појавил во јавноста.

Неговата музичка кариера одела по нагорен пат, а публиката не ја изненадувал само со песните и својот глас, туку и со честите промени на имиџот.

Од русокосо момче со специфични шишки до денес Милан често се трансформирал, најчесто потпирајќи се на креативноста на својот фризер.

Поминал скоро се, фризура со шишки, без шишки, сите нијанси прамени, темна коса... Потоа лице со брада, без брада, а со тек на времето и мускулите на неговото тело растеле.  

- Доколку метросексуалците се личности кои доста внимание посветуваат на својот физички изглед, тогаш слободно можам да кажам дека сум еден од нив – напишал во една прилика овој пејач.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата