После сета онаа фама што се дигна околу Гасперини, тренерот на Аталанта, дека бил заразен со коронавирусот, а тоа не го знаел, деновиве излезе вест за уште еден тренер од Италија.

Станува збор за стратегот на Фиорентина Бепе Јакино, кој бил заразен со „Ковид-19“, но не бил свесен. Ова го потврди Роко Комисо, првиот човек на клубот од Фиренца.

Инаку Фиорентина најтешко мина со Ковид-19 од останатите клубови во Италија. Имено неколку играчи беа “фатени“ од короната, а директорот Даниеле Праде “успеа“ да го инфицира целото своето семејство.