Конор Мек Грегор одново успеа да го шокира УФЦ светот, овој пат со својата втора одлука да се пензионира.

„Одлучив да се збогувам со борбите. Им благодарам на сите за неверојатните спомени. Какво патување беше ова. Ова е фотографија од мене и мојата мајка на една од освоените титулу во Лас Вегас. Одберете го својот дом од соништата“, порача Мек Грегор.

Последната борба Мек Грегор ја имаше во јануари кога го победи Доналд Цероне. Јавно побара реванш со Хабиб, а минатиот месец го предизвика и Андерсон Силва.