Откако не успеа да се најде меѓу патниците во Првата лига за наредната сезона, Брегалница сите свои надежи ги имаше во Купот на Македонија. Да се потсетиме дека требаше да игра полуфинале со А. Пандев, но ситуацијата во државата со Ковид -19 просто “збесна“ и ФФМ оправдано одлучи да ја прекине сезоната и официјално.

Тоа значеше дека во Штип веќе нема да се тренира, дека утре ќе се соберат играчите на последниот тренинг, ќе има состанок, ќе им се каже што и како, секако дека следува распустот кој ќе трае во зависност од тоа кога почнува новата сезона.

Значи Бреалница утре ќе стави крај на тренинзите, но ќе стави крај на сезоната 2019/2020. Ќе сакаат штипските “сини“ што побргу да ја заборават, со оглед на тоа дека иако беа најголеми фаворити за влез во елитата од Истокот, имаа надежи дека преку Купот ќе ја видат  и Европа, но кризата со Ковид-19 им ги урна сите соништа.