Екипата на Ујпешт успеа да ја впише победа после двата порази во Купот минатата недела. Вечерва „виолетовите“ за кои цел меч одигра македонскиот репрезентативец Кире Ристевски славеше со 1:0 со гол на Новотни во финишот на првото полувреме. Ујпешт иако домаќин се мачеше да воспостави своја игра, а реализираа гол со еден шут во рамките на противничкиот гол. За разлика од нив противникот имаше девет шанси од кои четири удари во голот, но без успех.

Така Хонвед ја прекина мини серијата од четири меча без пораз (едно реми) вклучувајќи го и Купот.

Ујпешт се искачи на осмото место, а Хонвед е шести.