МОЛ Фехервар ја забележа 16-тата победа сезоната во 27. коло на унгарската Прва лига. Вечерва на свој терен со 2:0 ја совладаа екипата на Кишварда која е на седмото место. Македонскиот дефанзивец Висар Муслиу го одигра целиот меч во дресот на Фехервар, додека на клупата 90 минути преседе Бобан Николов.

Муслиу го одигра 23. првенствен натпревар за Фехервар сезонава, а освен на еден меч на кој одигра 11 минути на сите други ги одигра сите 90 минути.

Ова е прва победа на Фехервар после трите ремија на претходните три меча (два во Купот, еден во првенството). Сепак, далеку е од првото место кое го држи Ференцварош кој има предност од шест бода и меч помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore