Д-р Кузмановски: НИ СЕ СЛУЧУВА КАТАСТРОФА во справувањето со пандемијата (ВИДЕО)

6.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Д-р Кузмановски: НИ СЕ СЛУЧУВА КАТАСТРОФА во справувањето со пандемијата (ВИДЕО)

Ситуацијата со корона вирусот во Македонија воопшто не е под контрола, ова денеска преку прес-конференција го истакна д-р Игор Кузмановски ВМРО-ДПМНЕ.

На Македонија и се случува катастрофа во справувањето со пандемијата. Ова што граѓаните го живеат е хорор кој не е виден ниту во ниту една земја во регионот и пошироко. Беше најавуван нов пик есенва, а Македонија веќе сега, во јуни, доживува втор бран на новоинфицирани. Според бројките деновиве нема изгледи дека во брзо време ќе се подобри ситуацијата. Граѓаните се соочуваат со последиците од несоодветните политики преземени од надлежните во справување со кризата. И додека има се повеќе болни, расте за жал и бројот на починати, политичарите кои се во изолација велат – ситуацијата е нормална. Многу е видливо, многу е јасно – дека ситуацијата не е нормална!, вели Кузмановски.

Тој вели дека жално е за граѓаните, а срамота за надлежните ова што се случува.

Доколку медицината и професионализмот не ја превземат палката ќе продолжи да расте бројот на новозаболени, ќе броиме починати лица. Ова што се случува, ова што се презема во справување со ситуацијата излегува од гранките на медицината. Станува збор за политика што е недозволиво во ваква ситуација. Мора да се стави акцент на здравјето на граѓаните и да се започне со вистински здравствени политики зошто Македонија ќе остане изолиран остров. Здравјето на граѓаните е пред се!

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата