Лука Дончиќ на почетокот на пандемијата коронавирус одлучи да се врати во Словенија, сакаше да биде заедно со своето семејство. Словенецот не беше активен на соицијалните мрежи, но пред десет дена тамошните медиуми пишаа дека за време на паузата „качил“ некој килограм.

Но, членот на Далас веднаш ги демнатираше.

На социјалните мрежи објави фотографија од вежбална, па приказните за вишокот килограми „паднаа во вода“. Сезоната во НБА-лига ќе продолжи кон крајот на следниот месец.