Ловна пушка и куршуми пронајдени во куќа во кавадаречко

6.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ловна пушка и куршуми пронајдени во куќа во кавадаречко

Ловна пушка и куршуми биле пронајдени во куќа во кавадаречко. Сопственикот бил приведен и против него е поднесена кривична пријава.

Според информациите на МВР, утринава околу 6 и 30 часот, полициски службеници го привеле А.Т.(37) од с. Дабниште, кавадаречко, поради тоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловна пушка, 17 куршуми со калибар 12 мм, 22 куршуми калибар 16 мм, 20 куршуми со ознака БТ3 непознат калибар, една метална направа за полнење куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата