Крсте Велкоски, Лука Модриќ, Бубакар Диалиба и Вагнер Сантос Лаго, тоа се четворицата фудбалери кои деновиве медиумите во БиХ ги издвоија како најдобри странци во историјата на Премиер лигата во таа земја. Да си во друштво на еден Модриќ, една од најголемите светски ѕвезди на денешницата секако дека е голема работа. Па добро зошто и како Крсте го заслужи ова? Во него фановите на НК Сараево да гледаат како да е фудбалски Бог, да го воспеваат, да го одберат за фудбалер на деценијата на “бордо“ тимот, да биде единствен во историјата ја клубот со три шампионски пехари и уште многу, многу други работи. Ете затоа.

Вевчанецот се најде во одбрано друштво. Да си меѓу најдобрите странци во една лига во изминатите 28 години, секако дека тоа е голема работа. Да те споменуваат како против – кандидат на еден Лука Мориќ уште поголема. Крсте играше во Работнички, Металург, потоа во Романија, Кипар, Ј. Кореја, но никаде не се снајде така добро како во Сараево. Да си капитен на тимот, на клубот во кој низ историјата таа лента ја носеле и еден Ферхатовиќ, Сушиќ, Хаџибегиќ, Пашиќ, Мусемиќ и другите некогашни големи ѕвезди на овие простори, е тоа мора да се заслужи.

А тоа Крсте и го прави. Со преку 150 настапи за своето Сараево и големиот број голови, тука ги сметаме само во пренството. Со три титули, и со два купа, тој е легенда на НК Сараево.