БРАВО: ШЕХТАНСКИ БАРА КАРАНТИН ОД 14 ДЕНА ЗА СИТЕ КОИ ГО НАПУШТИЈА СКОПЈЕ

6.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БРАВО: ШЕХТАНСКИ БАРА КАРАНТИН ОД 14 ДЕНА ЗА СИТЕ КОИ ГО НАПУШТИЈА СКОПЈЕ

Од ТМРО сметаат дека изолираниот 80 – часовен карантин на Скопје е погрешен чекор и требало да се спроведе на целата територија.

- Вака се создаде реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава.

ТМРО бара од техничката влада со изминат мандат, веднаш да донесе уредба за задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат, потенцијалните нови жаришта, вели претседателот Ванчо Шехтански.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата