Веселин Вујовиќ покажа дека е голем професионалец. Откако порталот „Балкан-хендбол“ спроведе анкета за најдобар тренер на екс-ју просторите, и притоа се најде во водство, побара од фановите да не гласаат за него туку за Лино Червар.

Причината е едноставна, со Хрватска освои сребрен медал на ЕП. Точно е дека двајцата се лути ривали на клупата, но како што вели Вујович добро знае што е чесност и ред.

Не мина долго време, се огласи и Червар.

„Спортски од Вујовиќ, секоја чест. Сите познавачи на ракометот многу добро знаат кој што направи оваа сезона. Мислам дека би било смешно во предвид да не се земаат медалите, туку кој кому е најсимпатичен“, изјави Червар, кој во моментов е на првото место и најверојатно ќе биде прогласен за најдобар тренер.