Како дел од карантинскиот викенд е нашата рубрика НЕКОГАШ И СЕГА. За денеска одвоивме две интересни фотографии. Станува збор за меѓународниот судија, Димитар Мечкаровски и фудбалерот Дејан Блажевски.

Првата фотографија датира од 2007 година, 12 години подоцна Мечкаровски прерасна во вистински професионален арбитар.

Што се однесува до Блажевски е во дресот на Пелистер за кого играше од 2006 до 2008 година, фотографијата е од 2006 година. Оваа сезона тој го носи дресот на Македонија ЃП.