Додека ние си дремеме во домашен карантин поради Ковид – 19 и ги броиме заразените кои од ден на ден ги има се повеќе, во Србија главна тема е фудбалот. И тоа полуфиналето од Купот на Србија меѓу Партизан и Ц. Звезда. Закажан е овој дуел за в среда од 20 часот,и кој ќе победи ќе се најде во финалето. Интересно е тоа дека, како што велат од таборот на Партизан, ова дерби ќе го следат најмалку 20.000 гледачи. Тоа е некаде половина и повеќе од капацитетот на стадионот на Партизан, но поради рестриктивните мерки, мора да има намалување на бројот на фановите.

Сепак важно е дека ќе се игра пред публика, а бројката од 20.000 гледачи е повеќе од респектабилна. Организаторот в понеделник ќе ги пушти влезниците во продажба, а тие ќе чинат од 6 па до 42 евра.

Ова ќе биде вкупно 200 меѓусебен натпревар на вечните ривали, тука ги сметаме сите мечеви од сите натпреварувања.