Во исчекување на официјална потврда од АБА-лига за откажувањето на Приморска и враќањето на МЗТ Скопје во елитното натпреварување, во српските медиуми излезе нова информација околу АБА 2-лига.

Иако челниците соопштија дека Македонија ќе има двајца претставници во новата сезона, сепак работите се менуваат од ден на ден. Доколку МЗТ Скопје влезе на местото на Приморска, во тој случај Младост ќе биде замената за тимот од Аеродром, а не нов македонски клуб.

Планото кој тамошните медиуми е поразителен за клубовите кои пројавија интерес да биде во АБА 2-лига. Нема место за македонските претставници.

АБА 2-лига би ја сочинувале следните екипи: Младост Земун, Нови Пазар, Слобода, Златибор, Подгорица, Студенски Центар, Сутјеска, Хелиос, Горца, Спарси и Широки Бријег. Ова се 11 екипи, да се надеваме дека последното место сепак ќе биде потполнето со тим од Македонија.