Патрик Екенг е Камерунскиот интернационалец кој настапуваше за тимот на Динамо Букурешт и на голема жал почина на терен во 2016 година. Овој трагичен настан се случи во 2016 година, а сега докторката Елена Дута е прогласена за виновна дека не му ја пружила потребната помош додека Екенг имал сеуште шанса да преживее.

Иако фудбалерот дента се полажил дека не се чувствува добро сепак настапил на мечот против Виторул Комстанца. Се срушил на теренот, бил пренесен во болница, но за жал ненавремената реакција на докторката влијаела тој да почине.

Сега, таа е осудена на 18 месеци условна казна, и треба да плати 200.000 евра отштета на семејството на фудбалерот. Екенг претходно настапувач во Франција, а има и два меча во националниот дрес на Африканскиот куп на нации.