Супер-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не тренираше со тимот вторпат оваа недела, бидејќи има проблеми со мускулите. Како што е познато, вчера имаше информации дека Аргентинецот може дури и да го пропушти рестартирањето на сезоната во Ла Лига, но каталонците денеска потврдија дека нема таква опасност.

Отсуството на Меси од интензивни активности е повеќе превентивна цел. Младиот талент Ансу Фати исто така се подготвува индивидуално.

Барселона потврди дека Меси наскоро ќе го продолжи со тренинзи со главната група, со цел да се подготви што е можно подобро за претстојниот натпревар со Мајорка.