Чулев: Ограничувањето на движењето за празници не е идеално, но одлуката треба да се почитува

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: Ограничувањето на движењето за празници не е идеално, но одлуката треба да се почитува

Оваа година два големи и значајни христијански празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме“, додава тој во објава на „Фејсбук“.

Чулев апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

„Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас“, заклучува министерот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата