Двајца доктори од Аџибадем Систина позитивни на Ковид-19 - НЕ ЗАРАЗИЛЕ ПАЦИЕНТИ

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца доктори од Аџибадем Систина позитивни на Ковид-19 - НЕ ЗАРАЗИЛЕ ПАЦИЕНТИ

Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори, соопштија од Аџибадем Систина

Од болницата велат дека според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни.

КБ Аџибадем Систина продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција.“ стои во соопштението на Аџибадем Систина

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата