35-годишното десно крило на хрватската репрезентација Златко Хорват, по 18 години минати во дресот на РК Загреб, вчера направи сензационален трансфер во скопски Металург. Едно од највпечатливите имиња на хрватската ракометна сцена во последните две децении реши да ја прифати понудата на „новиот“ Металург, кој полека се враќа на старите патеки.

Денеска со специјална порака до него се огласи неговиот матичен клуб, ППД Загреб. Пораката беше емотивна и гласеше: „Ова е само довидување. Капитену, се гледаме повторно!“.

 

View this post on Instagram

 

Ovo je samo doviđenja! ⁣ Kapetane, vidimo se!🦁💙⁣⁣ ⁣⁣ #rkzagreb #iznadsvihZagreb

A post shared by RK Zagreb (@rkzagreb) on