Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова денеска и официјално го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Леванте. Новиот договор е за една сезона и ќе важи до крајот на 2021 година.

Андонова и Леванте исто така потврдија дека оваа соработка може да биде продолжена и до 2022 година, доколку двете страни идната година бидат задоволни од соработката.

Нашата фудбалерика од средниот ред минатото лето дојде во Леванте УД Феменино од Барселона. Таа е четвртиот фудбалер што го продолжи договорот со клубот ова лето.