(Видео) Арсовски: Филипче се обиде да прикрие над 20 случаи на заразени во рок од три дена

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Арсовски: Филипче се обиде да прикрие над 20 случаи на заразени во рок од три дена

Поради загубениот компас на СДСМ, бидејќи не знаат на каде тераат и важни им се единствено нивните функции, во Република Македонија за жал се случува експлозија од новозаразени, каде што секојдневно има над 100 заболени, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што рече тој, показател кој предизвикува сериозна загриженост е тоа што Венко Филипче во неколку наврати се обидува да прикрие бројки на новозаболени од Ковид-19.

„Најпрвин директорот на болницата во Штип кој е член на СДСМ, пред неколку дена објави дека има 14 нови заболени во Штип, а Венко Филипче истиот тој ден подоцна објави дека има само еден. Потоа истиот Венко Филипче објави бројка од 67 новозаразени на целата територија на Република Македонија за да после неколку часа да дополнат од министерството преку соопштение дека не се 67, туку се 76 новозаразени. Вчера градоначалникот на Велес од редовите на СДСМ објави дека има четворица новозаразени, а Филипче подоцна на својот фејсбук профил објави дека има само двајца велешани кои што се новозаразени“, посочи Арсовски и нагласи дека во рок од само три дена министерот Филипче се обидел да прикрие над 20 случаи.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека власта мора да се замисли за совите постапки и да почне одговорно да се однесува бидејќи во прашање е здравјето и животот на граѓаните.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата