ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЧАИР

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЧАИР

На 04.06.2020 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено има пукање во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив сопственикот на објектот Б.Х.(36) изјавил дека три лица меѓусебно се расправале во моментот додека ги послужувал.

Според неговата, пријава, веднаш потоа тие излегле надвор и по кратко време се слушнале неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата