Велјановски: Видовме дека борбата со коронавирусот не е завршена како што пропагираше власта (ВИДЕО)

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велјановски: Видовме дека борбата со коронавирусот не е завршена како што пропагираше власта (ВИДЕО)

Почитувани сограѓани, како многу од вас и јас сум денеска дома, како што налагаат мерките на владата. Иако мене лично не ми паѓа тешко овој тродневен карантин, јас, навистина не ја гледам целта на ваков полициски час, и верувам дека повеќето од вас се сложувате со мене, вели Александар Велјановски, советник во Советот на Општина Тетово и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6

Сите ги видовме вчерашните колони со возила со кои од ризичните делови на Македонија луѓето се префрлаат во места каде што со денови нема нов случај на заболени од корона вирусот. Дали Владата не знаеше дека ова ќе се случи кога прогласи ваква мерка?“ додаде на Фејсбук Велјановски

Велјановски истакна дека оваа  недела видовме дека борбата со коронавирусот не е завршена, како што пропагираше власта за да оди на брзи избори и побара од власта да се занимава со тоа што и е работа, а тоа е доброто на граѓаните

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата