Партизан – Црвена Звезда и Чукарички – Војводина се двојките за полуфиналето на Купот на Србија. Денешната ждрепка сакаше едно од најголемите дербија на Балканот да се одигра во претпоследната фаза до битката за пехарот од Купот на нашиот северен сосед.

Полуфиналните натпревари се закажани за 10 јуни, а решавачкиот натпревар е две недели подоцна во Белград. Трофејот го бранат играчите на Партизан.