Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар тенисер во историјата. Во најголемата анкета досега, онаа на “Евроспорт“, во која имало 900.289 гласови, Србинот добил убедливо најмногу и со тоа е избран за најдобар. Роџер Федерер е на второто место, но разликата меѓу нив двајца во број на гласови била многу голема, како резултатот да бил 6:0 и 6:1.

Ова е уште една победа на Ноле над Роџер, и тоа во финалето. Сега му останува уште да го мине со број на освоени гренд слем титули, тука швајцарецит води со 20:17, за да и официјално Новак биде најдобар.

Инаку анкетата на “Евроспорт“ беше налик на онаа што ги правеше “Марка“. Па така Новак во четвртфиналето беше подобар од Род Лејвер, во полуфиналето од Пит Сампрас а во големото финалето од неговиот епски ривал Роџер Федерер.