Задолжителното тестирање на арбитрите во Серија „А“ помина успешно, односно ниту еден судија не е позитивен на вирусот Ковид-19.

Тие се наоѓаат во фудбалскиот центар на Италија, кој се наоѓа во периферијата на Фиренца. Таму ќе останат до 10. јуни и ќе продолжат со тренинзите. Тоа е еден вид изолација за нив, односно немаат контакти со никого.

Судиите ќе бидат подложни на уште еден тест пред да почне сезоната, која е предвидено да стартува на 20. јуни.