Автобусот на Бенфика синоќа беше каменуван од страна на непознати сторители, веднаш по ремито против Тондел (0:0).

Како што пишуваат португалските медиуми, нападот го извршиле токму навивачи на тимот од Лисабон.

Неофицијално, повредени се српскиот фудбалер Андрија Живковиќ, и германскиот интернационалец Јулијан Вајгл.

Полицискиот извештај вели дека станува збор за симпатизери од групата „Но нејм бојс“.

Интересно е дека Јулијан Вајгл беше дел од нападот на автобусот на Борусија Дортмунд во 2017 година пред дуелот од ЛШ против Монако кога беше извршен бомбашки напад.