Хвар го сопре воведувањето на 5G технологијата додека не се истражи како влијае на здравјето

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хвар го сопре воведувањето на 5G технологијата додека не се истражи како влијае на здравјето

Градот Хвар го суспендира воведувањето на 5G технологија сè додека не се докаже дека нема негативно влијание врз луѓето и околината.Градскиот совет на Хвар едногласно донесе одлука за телекомуникациските базни станици и воведување на 5G технологија, суспендирајќи го воведувањето на 5G технологија на подрачјето на Хвар сè додека независна и непристрасна студија докаже дека технологијата нема негативно влијание врз луѓето и околината.
        
Врз основа на одлуката, Градскиот совет ќе формира работна група која во наредните шест месеци ќе се обиде да ја испита врската меѓу сите извори на зрачење и карциномот. Одлуката ќе биде доставена до Владата и Хрватската регулаторна агенција, која е должна да ја проследи до сите релевантни фактори кои дејствуваат во областа на градот Хвар.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата