(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребен солзавец и молотови коктели

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребен солзавец и молотови коктели

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа синоќа во близина на американската амбасада во Атина поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Пет лица биле уапсени, а 12 биле задржани во притвор, објави Катимерини. Според информациите на полицијата, учесниците на протестот ги нападнале полицајците во близина на амбасадата, фрлајќи молотови коктели, камења и други предмети кон нив, а запалиле и контејнери.

Маршот, организиран од левичарски групи, почнал на плоштадот Синтагма и завршил пред амбасадата на САД.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Не можам да дишам“ и извикувале пароли против полициското насилство и расизмот во САД.

Убиството на Флојд при апсење предизвика протести во САД, но и во некои земји во Европа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата