Цариници од Врање откриле камион полн со Авганистанци

4.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цариници од Врање откриле камион полн со Авганистанци

Српските цариници во соработка со полицијата, на паркингот на една компанија од Врање, откриле 13 мигранти од Авганистан во товарниот дел на паркиран камион.

Случајот е откриен кога службениците на царинската испостава во Врање, по информација на една шпедиција, извршиле контрола врз паркиран камион со регистарски таблички на Ниш, кој превезувал сунѓер-панели од Грција до Србија.

Иако на камионот имало царинска пломба на Северна Македонија, што не била оштетена, возачот изразил сомневање дека има нешто друго освен стоката во товарниот дел од камионот што го управувал.

Благодарение на брзата реакција на цариниците, наскоро била откриена група од 13 момчиња од Авганистан, кои биле предадени на полицијата за понатамошна надлежност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата