Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски и следната сезона ќе го носи дресот на Гравелин во Франција. Како што потврдија тамошните медиуми, двете страни се договориле за продолжување на соработката и за следната сезона.

Војдан пристигна во Гравелин во текот на сезоната 2019/20 и задоволи со своите настапи. Нашиот репрезентативец имаше просек од 12,7 поени на натпревари, со 48,1% реализација на шутеви за 3 поени. Исто така оствари и просек од 3,3 скока и 2,5 асистенции, за 26 минути поминати во просек на терен.