Барселона и дефинитивно се откажува од Нејмар. Според каталонскиот весник „Спорт“, каталонците во никој случај не се подготвени да ја платата сумата која ПСЖ ја бара за слобода на Бразилецот.

Се споменува сума од 175 милиони евра која ја поставил ПСЖ во рамките на преговорите. Преставниците на Барселона веднаш се откажале од натамошни разговори.

Нејмар се пресели во ПСЖ во 2017 година од Барселона. Францускиот клуб за него плати 222 милиони евра, што го направи најскапиот фудбалер на светот.