Македонскиот репрезентативец и воедно и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми е мета на Руските гиганти ЦСКА Москва и Спартак.

Според Руските медиуми, 29. годишниот Адеми ќе биде првото засилување за Спартак Москва и првиот човек на овој клуб, Леонид Федун нема да штеди пари за да го доведе нашиот интернационалец во неговиот клуб.

Од друга страна пак, ЦСКА исто така е силно заинтересирана за Адеми, но проблем може да настане поради примањата на Адеми кои не се така мали. Тој во Динамо е еден од најплатените играчи и добива 1.2. милиони евра по сезона.

Адеми сеуште нема заиграно во друг шампионат освен Хрватскиот иако во текот на неговата кариера имаше огромен број на понуди. Сепак, проблемите со суспензијата и допингот ја „закочија“ неговата кариера во еден период која сега повторно е во експанзија.