На денешен ден, 4 јуни, пред точно четири години, фановите на РК Вардар ја испишаа првата страница од големата ракометна и спортска историја. Во Келн по популарната „Ланксес Арена“, „црвено-црните“ се искачија на европскиот трон, за првпат на македонскиот машки ракомет обезбедувајќи му го најсјајното клупско одличје, по титулата на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година кај дамите.

Вардар славеше во финалето на ЛШ против француски ПСЖ со 24:23, а погодокот на Иван Чупиќ и натаму останува да се врти на телевизиските шпици како потсетување на едни извонредни денови на спортска радост.