И натаму во САД како да е војна, не стивнуваат протестите и реакциите по убиството на Џорџ Флојд. Америка се чини дека се подели на два табора. Оние кои го поддржуваат претседателот Доналд Трамп и многу не се секираат за настаните во Минеаполис, и оние кои Трамп го нарекуваат со погрдни зборови, жестоко протестираат и бараат правда за Флојд.

Сепак еден гест остана длабоко врежан во срцата на сите нормални луѓе во светот. А тоа е оној на Стивен Џексон, некогашната голема ѕвезда во НБА, инаку личен пријател на убиениот Џорџ.

Тој говореше на протестите, и покрај останатото ја спомна и малата Џиана, ќерката на убиениот Џорџ:

Во иднина на Џиана многу работи ќе и недостигаат, но јас секогаш ќе бидам тука за нејзе. Кога ќе треба некој да и ги избрише солзите јас ќе бидам тука, кога ќе треба да ја однесе некој до олтарот, јас ќе бидам тој. Џорџ го нема, но за неговото семејство јас секогаш ќе бидам тука“, изјави Џексон, кој притоа побара правда за својот голем пријател.