Легендарниот Диего Армандо Марадона ќе го води тимот на Гимназија Ла Плата, откако денеска му беше продолжена соработката. Аргентинската легенда ќе остане „шеф“ до крајот на сезоната 2020/2021 година.

Марадона на кормилото на Гимназија дојде во моментот кога екипата водеше грчевита борба за опстанок и веројатно требаше да испадне. Но, по одлуката да се укине испаѓањето, Гимназија и идната сеозна ќе игра во „елитата“.