Фудбалерите на Ајнтрахт (Ф) се враќа со цел плен од гостувањето во Бремен, каде вечерва славеше со 3:0 над екипата на Вердер во заостанатиот меч од 24. коло во германската Бундеслига.

По едно полувреме без голови, во вториот дел гостите одиграа поквалитетно, ги искористија своите шанси и ги собраа трите бода. Ајнтрахт поведе со голот на Андре Силва во 61. минута, а клучот на победата го имаше Илсанкер на 8 минути пред крајот. Истиот фудбалер погоди и пред крајот на мечот за конечни 3:0.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore