Црна Гора појасни зошто границата е затворена за Србија

3.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црна Гора појасни зошто границата е затворена за Србија

Амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, изјави дека е потребно да се намали бројот на активни случаи во Србија од 4.000 на 2.000, за да им се дозволи на нејзините граѓани да патуваат во Црна Гора.

Тој повтори дека во Црна Гора им е дозволен влез на граѓани од земји со до 25 пациенти на 100.000 жители, а за да може Србија да влезе во списокот на земји со таков однос, потребно е бројот на пациенти да биде 2.000.

Милошевиќ верува дека ова наскоро ќе се промени, како и дека туристите од Србија ќе патуваат во оваа земја.

„Бидејќи има многу дилеми, да бидеме целосно јасни, луѓето кои имаат свои компании и кои имаат бизнис во Црна Гора, можат да влезат во Црна Гора, под одредени услови (самоизолација). Тие луѓе ќе може да се движат од својата компанија во објектот каде што се сместени. Исто така, луѓето кои имаат членови на семејството во Црна Гора, кои се грижат за нив, луѓето на кои им треба нега, ние се грижиме за тоа“, рече тој.

Милошевиќ објаснува дека потребните дозволи за тие категории граѓани ги издава Националното координативно тело.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата